Државата оштетена за 90 милиони евра

Bez autora
May 30 2010

Владата на Груевски за 90 милиони евра ја оштетила државата, оти новиот багер - во РЕК Битола стигна со доцнење од две и пол години. Во меѓувреме се ангажирале приватни фирми што ископот го наплаќале три пати поскапо. Објаснуваат дека набавката е склучена во нивно време, а багерот требало да стаса во 2007 година, но сегашната влада не го санкционирала доцнењето. За да ги сокрие овие факти Груевски, багерот го промовираше доцна во ноќта. Заради недомаќинското работење на Груевски и лични и партиски бизнис интереси, граѓаните секој месец го плаќаат цехот со повисоки сметки за електрична енергија. ЕЛЕМ ги отфрла обвинувањата велат - СДСМ знае само да договора, но не и да реализира. Монтажата на опремата започнала на крајот на 2008 и завршила во 2010 година, во предвидениот рок од 18 месеци, во кој треба да се вкалкулира и доцнењето на испораката на деловите, за што се преземени сите предвидени мерки.

Државата оштетена за 90 милиони евраВладата на Груевски за 90 милиони евра ја оштетила државата, оти новиот багер - во РЕК Битола стигна со доцнење од две и пол години.

Во меѓувреме се ангажирале приватни фирми што ископот го наплаќале три пати поскапо, обвинуваат од СДСМ.

Објаснуваат дека набавката е склучена во нивно време, а багерот требало да стаса во 2007 година, но сегашната влада не го санкционирала доцнењето. За да ги сокрие овие факти Груевски, багерот го промовираше доцна во ноќта, обвинуваат од СДСМ.

Заради недомаќинското работење на Груевски и лични и партиски бизнис интереси, граѓаните секој месец го плаќаат цехот со повисоки сметки за електрична енергија“, изјави Весна Бендевска, СДСМ.

ЕЛЕМ ги отфрла обвинувањата велат - СДСМ знае само да договора, но не и да реализира. Монтажата на опремата започнала на крајот на 2008 и завршила во 2010 година, во предвидениот рок од 18 месеци, во кој треба да се вкалкулира и доцнењето на испораката на деловите, за што се преземени сите предвидени мерки.

Како неточни ги отфрлаат и пресметките на СДСМ за тоа колку е оштетена државата, бидејќи според нив секој ден во РЕК Битола требало да работат по 1.000 камиони колку што немало во Македонија.

Во меѓувреме додека се промовираше новиот багер, на терен го нема стариот, главен багер за ископ на јаловина, што се расипа пред две години, се уште не е поправен. Случајот стигна и до битолското јавно обвинителство, но официјално се уште нема одговор што покажала истрагата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik